Вила COSTAS AND SOPHIES STUDIOS се наоѓа во Нидри, едно од најпопуларните летувалишта на грчкиот остров Лефкада.
Нидри е познат по живото шеталиште, пристаништето, рестораните, кафулињата и продавниците. Овде можете да уживате во вечерни прошетки покрај морето, да пробате грчка традиционална храна. Нидри е одлична почетна дестинација за организирани бродски тури до познатите плажи и околните острови.
Сместувањето е на одлична локација, во близина на центарот на 5 минути пешачење, додека најблиската градска плажа е на 300 метри.
Студијата располагаат со кујна со основен прибор за подготовка на полесна храна, фрижидер, телевизор, сопствено купатило, WI-FI, балкон и клима уред (со доплата). На располагање на гостите им е базен и лежалки. Вилата исто така има паркинг простор за гостите кои што патуваат со сопствено возило. Студијата со кои што располагаме се на прв или втор кат.