KATERINA STUDIOS 2027

Автобус

Термин Од 22.05.2027 - 29.05.2027

1/2 Standard room

RO

22.05.2027 - 29.05.2027

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
14,880.00 den

12,200.00 den

240.00 €

197.00 €

Резервирај Јави се

1/3 Standard Room

RO

22.05.2027 - 29.05.2027

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
22,320.00 den

18,228.00 den

360.00 €

294.00 €

Резервирај Јави се

Термин Од 29.05.2027 - 05.06.2027

1/3 Standard room

RO

29.05.2027 - 05.06.2027

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
16,492.00 den

13,516.00 den

266.00 €

218.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

7 ноќевања со автобуски превоз (цени по лице)
Wi-Fi
Приватен паркинг
Користење на базен

Не вклучено

Туристичка такса 14 eвра од соба за 7 ноќевања и се плаќа на рецепција.
Клима 8 евра од ден
Нидри е познат по живото шеталиште, пристаништето, рестораните, кафулињата и продавниците. Овде можете да уживате во вечерни прошетки покрај морето, да пробате грчка традиционална храна. Нидри е одлична почетна дестинација за организирани бродски тури до познатите плажи и околните острови. Studios Katerina се наоѓаат во мирниот и зелен дел на Нидри, Перигали, на источната страна на островот Лефкада, на само 500 метри од центарот на Нидри и 80 метри од морето. Располагаме со трокретевни и четворокреветни студија, секое со површина од околу 30 м², сместени во пријатен и уреден двор, идеален за релаксирачки семеен одмор. Сите студија се опремени со клима-уред, телевизор и кујна со потребниот прибор и електрични апарати. На располагање имаат и пространи балкони со поглед кон градината, како и бесплатен паркинг за гостите. Лефкада е вистински рај со плажи што воодушевуваат со својата кристално чиста тиркизна боја. Од Нидри можете да ги истражите најпознатите плажи и да доживеете лето со незаборавни моменти.

Најпознати плажи:
1. Egremni Beach - Импресивна и долга плажа околу 2км со светли камчиња и впечатлива тиркизна боја. Пристапот до плажата е околу 2км пешачење и околу 400 скалила, но впечатливиот поглед е вистинска награда. Возење со автомобил  1h и 10 мин.

2. Porto Katsiki - Една од најпознатите плажи на Лефкада, препознатлива  по тиркизните нијасни и високите бели карпи. За да ја доживеете оваа вистинска убавина се пристигнува преку 150 скали. Доколку патувате со сопствено возило одалеченоста е 1ч возење, попатно препорачливо е за направите кратка кафе пауза во Caffe Panorama со прекрасен поглед во убавините на остовот и да направите фотографии.

3. Mylos Beach - природна плажа опкружена со зелени ридови. Совршена за оние што сакаат диви природни предели и помирна атмосфера. До оваа плажа може да се пристигне со бротче цената во еден правец е 5е од Агиос Никитас. Може да се стигне и со автомобил.

4. Kathisma Beach - песочна и пространа плажа што нуди природна убавина и летна атмосфера со beach bar  лежалки, кафичи и места за уживање покрај морето. Најпристапна во однос на останатите плажи до оваа плажа може да пристигнете со автомобил или градски превоз од Нидри.

5. Pefkoulia - една од пространите плажи на Лефкада, каде што може да најдете простор за опуштање и уживање во природата. Зеленилото на околните ридови создава прекрасен контраст со бојата на Јонското Море. Имате можност да уживате во таверните кои се лоцирани наоколу. Возење со автомобил 30 мин.

6. Agiofili - се наоѓа во јужниот дел на Лефкада, во близина на Василики. Нејзините чисти води се одлични за љубителите на нуркањето со маска, кои сакаат да го истражуваат подводниот свет. Лесно достапна со автомобил возње околу 30 - 40 мин, имате можност и со мали такси - чамци од Василики.

7. Vasiliki -  Ова приморско место на југот на Лефкада е познато по условите за сурфање на ветер и другите активности на вода. Во текот на денот, заливот привлекува љубители на спортот и авантуристи, додека покрај крајбрежјето ве очекуваат таверни, кафулиња и пријатна медитеранска атмосфера. Се наоѓа на само 30 мин возење од Нидри со автомобил или со јавен превоз.

Ви препорачиваме и бродски тури едно од најубавите доживувања со целодневно крстрење. Од пристаништето во Нидри организирано се нудат тури до прекрасни плажи, тиркизни заливи и блиските острови, се посетуваат плажата Porto Katsiki, Egremni, Meganisi, Ithaca, Atokos или познат како Piggy island, Kefalonia и островот Skorpios.

 

Типови на соби

1/2+2, 1/3, 1/4

Katerina Studios сместени во мирниот и зелен дел на Нидри – Перигали, на источната страна на прекрасниот остров Лефкада, на 80 метри од плажа и на 500 метри оддалечени од центарот на Нидри Удобно сместување за вашиот одмор: На располагање се трокреветни и четворокреветни студија, со површина од околу 30 м², идеални за семејства,парови и пријатели; Секое студио располага со: Клима-уред Телевизор Опремена кујна со потребниот прибор и електрични апарати Простран балкон со поглед кон градината Бесплатен паркинг за сите гости! Уредениот двор, зеленилото и мирната околина создаваат совршени услови за одмор, додека близината на морето и центарот на Нидри ви овозможува лесно да уживате во сите летни содржини 

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди