Врњачка Бања е градска населба во Србија во Рашката област. Тоа е и најголемата бања во Србија . Според пописот од 2011 година во самата Врњачка Бања имало 10.065 жители (според пописот од 2002 година имало 9.877 жители, додека на подрачјето на општината која зафаќа 239 км2), во 14 населени места, според пописот од 2011 година, има 27.332 жители.Тоа е околу 200 јужно од Белград , 25 од Краљево и 11 од Трстеник. Се наоѓа помеѓу планината Гоч и Западна Морава . Врњачка Бања е туристичко место од прв степен, центар на интегрален туристички регион, сместен на 43°37 ‘северна географска широчина и 20°53’ источна географска должина. Бањската населба е делумно на северните падини на планината Гоч, која припаѓа на шумско-планинскиот комплекс составен од Копаоник , Јастребац Столови и Жељин, кон Западна Морава и јужните падини на планините Гледиќ.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– деца до 5.99 год. со двајца родители – гратис (спијат заедно со родителите) само плаќаат такса и доплата за превоз 35евра;
– деца од 5.99-12 год во посебна соба и плаќаат целосна сума;
-Доплата за туристичка такса 3€ вкупно за 2 ноќи по лице (доплата во агенција);
-Намалување за сопствен превоз -15€/ по патник;
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.