ВИЛА РЕНОМЕ ВО ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ, се наоѓа на 200м од плажата Лучице и 600м од градската плажа во Петровац. Вилата е идеален избор за сите оние кои сакаат убав фамилијарен одмор. Вила Реноме располага со студија за три лица и апартмани ( со една, две и три спални соби). Секоја соба (студио или апартман) е опремено со кујна, тоалет, клима, тв, тераса со поглед кон базен, инренет. Вилата има и базен со лежалки кој е на располагање само за гостите на вилата. Користење на базен од 10-20 часот. За најмалите гости има и детско катче. Детско креветче – на барање (бесплатно). Вилата располага и со паркинг ( се наплаќа 5 евра дневно по возило )
Соба бр.4 апартман за 3 лица . Има спална соба со брачен кревет,и во дневната кревет на клик-клак спуштање. Апартманот има мини кујна.
Соба бр.12 апартман за 4 лица. Има спална соба со брачен кревет, во дневната кревет на клик-клак спуштање и фотелја. Апартманот има мини кујна.
Соба бр.13 апартман за 4+1 лица. Има спална со 2 брачни кревети и во дневната 1 единечен кревет. Апартманот има мини кујна.