Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот..
Вила Предраг во Будва се наоѓа на 350м од словенска плажа. Вилата располага со убави конфорни двокреветни , трокреветни и четворокреветни студија .Секоја соба има сопствено купатило, клима, ( вклучена во цена ) фрижидер како и бокал за кафе/чај. Четворокреветните студија имаат кујна.
Прв спрат:
Соба бр.5 двокреветна со два единечни кревети, има тераса . Кујна нема.
Соба бр.7 трокреветна со еден брачен и еден единечен кревет. Има мини кујна и француска тераса.
Соба бр.8 двокреветна со брачен кревет без тераса.
Втор спрат:
Соба бр.14 трокреветна со три единечни кревети со мини кујна. Нема тераса.