Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед.
Вила Леми 20 – 30 метри од плажа.Вилата раполага со 2 апартмани 1/3+1 е со 3 редовни легла и едно дополнително легло и истиот има 2 соби од кои во едната од нив е кујната.Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна и прибор во согласност од бројот на легла во собата. Чистење на собите и промена на постелнина: еднаш неделно при превземање на собата. Влегување во собите е после 14 часот локално време / напуштање на собите последниот ден до 10 часот наутро