Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Ланди се наоѓа на само 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трикреветни, четирикреветни студија и четирикреветни дуплекс апартмани на приземје и на прв спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.
5% попуст за резервација до 30.04.2026
Патничко осигурување
Туристичка такса (која се плаќа на лице место)
Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Албанија:
Скопје (Хотел Русија) – 70€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – 85€ по лице
Велес (бензинска пумпа, Макоил кај Моте Македонија) – 70€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Албанија:
Битола (Селска автобуска) – 60€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – 60€ по лице
Струга (Пред Нептун – 70€ по лице
Охрид (Бензинска пумпа Окта пред Охрид Мол) – 70€ по лице
Ресен (Автобуска станица) – 70€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
Време и места на поаѓање за АЛБАНИЈА:
23:30 h - Скопје – (Хотел Русија)
00:15 h - Велес – (Макоил бензинска - Мотел Македонија)
23:30 h - Штип – (Нова Пошта) - Трансфер до Велес
01:00 h - Дреново – (Бензиска пумпа Макпетрол кај кружен)
01:50 h - Прилеп – (Бензиска пумпа Лук Оил на излезот за Скопје)
02.30 h - Битола – (Селска автобуска)
03:10h - Ресен ( Автобуска станица)
03.50 h - Охрид– (бензиска Пумпа Окта пред Охрид Мол)
04:10 h - Струга – (пред Нептун)