На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Вила Elegant се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.
Студио број 1,2,3 и 4 се наоѓаат на приземје.
Студио број 5,6,7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.
Студио број 9,10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.
Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.
- За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
- Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
- За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
- Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
- Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
- Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
- Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
- За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
- Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
- Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
- Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
- Доплата за туристичка такса 14е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
- Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
- Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
- Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
- Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
- Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или 071227837 или пишете ни во порака на нашата фејсбук или инстаграм страница бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.