Ескејп Травел за лето 2025 ви ја нуди Вила Афредите 2 на островот Тасос која е во сопствен закуп.
Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Островот е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос, богат со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед.
Нова и модерна вила, се наоѓа на 100 метри од плажа. Вилата располага со паркинг, но нема двор. Студиата се опремени во модерен стил, сите располагаат со сопствен тоалет, мини кујна со мал фрижидер со мала комора, решо за готвење, прибор според бројот на кревети. Клима уредот се доплаќа. Студиата се со брани кревети со нормална големина, а дополнителните легла се со ширина од 80 сантиметри.
Вила Адродите 2 се наоѓа на 350 метри од плажата Golden Beach и на 1км од центарот на резортот Скала Потамија (во Потамија). Дел од собите се на високо приземје, дел на прв кат. Во сите соби има сопствено WC, TV, фрижидер, клима уред, мини кујна со решо.