Пролом бања за 24-ти Мај 2026

Автобус

Термин Од 23.05.2026 - 25.06.2026

1/2

ВВ

23.05.2026 - 25.06.2026

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

11,718.00 den

189.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* во 1/2 соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
– Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено – затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
– Користење теретана и фитнес сала
– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник

Не вклучено

– Патничко и здравствено осигурување (индивидуално)
– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место)
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)

Подарете си незаборавно доживување за продолжениот неработен викенд по повод 24-ти мај во Пролом Бања – вистинска оаза на мирот, здравјето и релаксацијата. Сместена на падините на планината Радан, оваа позната бања е дом на лековитата Пролом вода, чистиот планински воздух и природната енергија што веднаш ќе ве освежи и обнови. Уживајте во најбараниот велнес пакет, создаден за целосна релаксација на телото и духот. Совршено бегство од секојдневието, идеално за краток и исполнет викенд во природа – време посветено само на вас.

ПРОМО цена за резервации до 25.04.2026 - 169€/10.478ден

Редовна цена на аранжманот - 189€/12.338ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

План и програма

ПРВ ДЕН 23.05.2026 (САБОТА)
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН 24.05.2026 (НЕДЕЛА)
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 25.05.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Заминување кон Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Типови на соби

1/2

Факултативни екскурзии

Излет до Ѓавола Варош

5.00 €

– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место)

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди