Прага во Мај (15.05-18.05.2026)

Чартер

Термин Од 15.05.2026 - 18.05.2026

1/2

ВВ

15.05.2026 - 18.05.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

25,978.00 den

499.00 €

419.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок
Авионски билет  Скопје-Прага-Скопје
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Посета на Карлови Вари
Разглед на Прага со локален водич
Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Не вклучено

Патничко осигурување
Крстарење по Влтава 25е по лице (Пријавување и плаќање во агенција при сама резервација )
Туристичка такса 5е од ноќ од соба  ( се плаќа во агенција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата  архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна).  Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

План и програма

ПРВ ДЕН (15.05.2026) петок
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Летот е во 12:30 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (16.05.2026) сабота
Појадок. После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри. Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава  ( факултативно ) со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (17.05.2026) недела
Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (18.05.2026) понеделник
Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 15:00 часот.

Типови на соби

1/2

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди