Остров Тасос 24ти Мај

Автобус

Термин Од 22.05.2026 - 25.05.2026

Vila Savas 1/3 Studio

RO

22.05.2026 - 25.05.2026

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

6,758.00 den

109.00 €

Резервирај Јави се

Vila Aleksandra 1/2 Studio

RO

22.05.2026 - 25.05.2026

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

7,378.00 den

119.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

Превоз на наведената релација(автобус или минибус зависно од бројот на патници)
Траект Керамоти – Тасос – Керамоти
3 ноќевања во апартмани во Скала Потамиа
Организирана прошетка до Лименас
Туристички придружник за време на патувањето
Организација на патувањето

Не вклучено

Факултативни излети
Панагија 10 еур по лице
Тура до најубавите места на Тасос 20 еур по лице
Туристичка такса (се плаќа на лице место– 2 еур по соба на ноќ)
Индивидуални трошоци
Пролетно патување на прекрасниот остров Тасос со сместување во Скала Потамиа, едно од најубавите места на островот, познато по долгата песочна плажа Golden Beach. Цена: 109 еур по лице за сместување во вила Аргири, Саваш и Пенелопе Цена: 119 еур по лице за сместување во вила Афродите, Александра Деца сместени со 2ца возрасни и трет/четврти возрасен имаат намалување од 15 еур

План и програма

1 ДЕН | 22.05.2026 - ПЕТОК
Поаѓање во раните утрински часови од Македонија. Поаѓање од Македонија и патување кон Грција со попатни паузи. Пристигнување во Керамоти и траект кон островот Тасос. По пристигнување на островот следува трансфер до Скала Потамиа и сместување во објектите. Попладне: Организирана прошетка до Лименас (главниот град на Тасос) • старата агора • античкиот амфитеатар • слободно време за кафе и прошетка Враќање во апартманите. Ноќевање.
ДЕН 2 | 23.05.2026- САБОТА
Слободно време за уживање на плажа во Скала Потамија / Golden Beach, прошетки или релаксација. Попладне можност за факултативен излет до традиционалното село Панагија. Панагија е едно од најубавите планински села на островот, познато по камената архитектура, природните извори и прекрасниот поглед кон Golden Beach. Во текот на посетата има можност за прошетка низ живописните улици и дегустација на локални производи како мед и маслиново масло. Враќање во Скала Потамиа. Ноќевање.
ДЕН 3 | 24.05.2026 - НЕДЕЛА
Факултативен излет – Најубавите места на Тасос Посета на најубавите места на островот: Манастир Архангел Михаил – најпознатиот манастир на островот, изграден на карпа со спектакуларен поглед на Егејското море. Aliki – прекрасен полуостров со археолошки локалитет и тиркизни заливи Giola Lagoon– природен базен формиран во карпа, едно од најфотографираните места на островот. Лименарија – вториот по големина град на островот, со прекрасна морска променада и традиционални таверни. Слободно време за ручек, прошетка и фотографии. Враќање во Скала Потамиа. За клиентите кои нема да се пријават на факултативниот излет, ова е слободен ден во Скала Потамија. Ноќевање.
ДЕН 4 | 25.05.2026-ПОНЕДЕЛНИК (ВРАЌАЊЕ)
Oдјавување од сместувањето. Заминување кон Лименас и траект до Керамоти. Патување кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

Факултативни екскурзии

Панагија

Панагија

10.00 €

Тура до најубавите места на Тасос

Тура до најубавите места на Тасос

20.00 €

Забелешка

Напомени и правила за отказ:


Редоследот на програмата може да биде изменет во зависност од временските услови и организацијата на излетите.


Отказ на патувањето од страна на патникот може да се направи до 20 дена пред поаѓање без задржување на пенали


За отказ од страна на патникот  во период од 19 до 0 дена пред патување,  се задржуваат 100% пенали


За  реализација на програмата потребен е минимум од  30 пријавени патници.


За реализација на факултативните излети е потребно минимум 20 пријавени патници.


Во случај на недоволен број на патници Организаторот на патувањето има право да го откаже истото до 5 дена пред поаѓање.


Доплата за еднокреветна соба 55е дополнително од цената на аранжманот.

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди