Вила Јовица-Студио бр.1
Вила Јовица се наоѓа на 100м од плажа.Студио број 1 се наоѓа на приземје и е комотен за да се сместат 4 лица.Има еден брачен кревет и кревети на спрат. Кујната е опремена со основен прибор за подготовка на лесна храна. Климата и WIFI се вклучени во цената.
Вила Јовица-Дуплекс апартман бр.2
Вила Јовица се наоѓа на 100м од плажа.Студио бр.2 е на приземје ин е комотен да се сместат 5лица.Се состои од две соби за спиење. Во едната има брачен кревет а во другата еден брачен и единечен кои се на спрат. Кујната е опремена со основен прибот за подготовка на лесни јадења. Климата и WIFI се вклучени во цена
Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.