Вила Наташа -Апп бр,1
Вила Наташа е за 4-5 особи. Се наоѓа на 70м од плажа.Апартман бр. 1 има спална соба со брачен кревет и еден единечен кревет. Кујната, терпезаријата и дневната се заедно. Во дневната има кревет на развлекување. Кујната е опремена со основни работи за подготовка на лесна храна. Климата и WIFI се вклучени во цена. Апартманот располага со две тераси една напред и една позади.Апартманот е на приземје.
Вила Наташа-Апп бр.2
Вила Наташа е за 5-6 Се наоѓа на 70м од плажа.Апартман бр. 2 има две спални соби со брачен кревет и еден единечен кревет на развлекување.. Кујната е опремена со основни работи за подготовка на лесна храна. Климата и WIFI се вклучени во цена.Апартманот е на прв кат.
Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.