Милано и Комо во Ноември

Чартер

Термин Од 14.11.2026 - 17.11.2026

1/2 Standard Room

BB

14.11.2026 - 17.11.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
27,838.00 den

21,638.00 den

449.00 €

349.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Милано-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Лиценциран придружник

Не вклучено

Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)
Посета на Комо и разглед со локален водич на Милано (50 евра се доплаќа на лице место)
Милано еден од најживописните и најмодерните градови во Италија,познат како светска престолнина на модата,дизајнот и уметноста.Милано е и центар на деловен живот,култура и гастрономија,каде посетителите можат да уживаат во италијанската елеганција и стил.Комо мал,но многу шармантен град на брегот на истоименото езеро,едно од најубавите во Европа.Градот е познат по својата средновековна катедрала,тивките плоштади,живите улици и традицијата на производство на свила. Милано и Комо заедно претставуваат совршена комбинација космополитски град со динамика и стил и мирно езеро со природна убавина и романтика.

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 18 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 90 евра

Попуст за дете до 11.99 години – 40 евра

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

План и програма

ПРВ ДЕН (14.11.2026) Сабота
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 17:00 часот. Летот Скопје – Бергамо е во 19:05. По слетувањето, организиран трансфер до хотел. Сместување и ноќевање.
ВТОР ДЕН (15.11.2026) Недела
По појадокот, со јавен превоз (метро или трамвај) се упатуваме кон центарот на Милано, каде нашиот локален водич ќе не пречека и ќе го започнеме разгледот. Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
ТРЕТ ДЕН (16.11.2026) Понеделник
По појадокот во хотел, се упатуваме на целодневна посета на Комо, градот кој е изграден токму до истоименото езеро. Започнуваме со разглед со локалниот водич, се движиме низ стариот град, кој е сместен во средновековните ѕидини кои го опколуваат од 3 страни, а четвртата е пристапот кон прекрасното езеро. По прошетката низ стариот град, слободно време за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме да направите едно крстарење на езерото, или посета на селото Брунате, кое се наоѓа на планината над градот и езерото, каде имате можност да уживате во погледот на градот и езерото. Во договорено време, се упатуваме назад кон Милано. Слободно време за индивидуални активности.
ЧЕТВРТИ ДЕН (17.11.2025) Вторник
По појадокот во хотелот, ги напуштаме собите и багажот го оставаме во просторијата наменета за багаж во хотелот. Во договор со групата и придружникот се упатуваме кон централното подрачје на Милано, каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности, шопинг, ручек, кафе, џелато, и секако уживање. Во договорено време се упатуваме назад кон хотелот. Трансфер до аеродромот Бергамо. Летот Милано – Скопје е во 21:45

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди