Милано и Комо за 24-ти Мај

Чартер

Термин Од 23.05.2026 - 26.05.2026

1/3

ВВ

23.05.2026 - 26.05.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

24,738.00 den

499.00 €

399.00 €

Резервирај Јави се

1/2

BB

23.05.2026 - 26.05.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

24,738.00 den

499.00 €

399.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Милано-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета на Комо
Посета и разглед со локален водич на Милано
Лиценциран придружник

Не вклучено

Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)

Милано еден од најживописните и најмодерните градови во Италија, познат како светска престолнина на модата, дизајнот и уметноста. Милано е и центар на деловен живот, култура и гастрономија, каде посетителите можат да уживаат во италијанската елеганција и стил. Комо мал, но многу шармантен град на брегот на истоименото езеро, едно од најубавите во Европа. Градот е познат по својата средновековна катедрала, тивките плоштади, живите улици и традицијата на производство на свила.

Милано и Комо заедно претставуваат совршена комбинација на космополитски град со динамика и стил и мирно езеро со природна убавина и романтика.

План и програма

ПРВ ДЕН (23.05.2026) Сабота
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 16:00. Летот Скопје-Милано е во 18:10. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот Малпенса до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот. Ноќевање
ВТОР ДЕН (24.05.2026) Недела
По појадокот, со јавен превоз (метро или трамвај) се упатуваме кон центарот на Милано, каде нашиот локален водич ќе не пречека и ќе го започнеме разгледот. Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
ТРЕТ ДЕН (25.05.2026) Понеделник
По појадокот во хотел, се упатуваме на целодневна посета на Комо, градот кој е изграден токму до истоименото езеро, се движиме низ стариот град, кој е сместен во средновековните ѕидини кои го опколуваат од 3 страни, а четвртата е пристапот кон прекрасното езеро. Слободно време за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме да направите едно крстарење на езерото, или посета на селото Брунате, кое се наоѓа на планината над градот и езерото, каде имате можност да уживате во погледот на градот и езерото. Во договорено време, се упатуваме назад кон Милано. Слободно време за индивидуални активности.
ЧЕТВРТИ ДЕН (26.05.2025) Вторник
По појадокот во хотелот, ги напуштаме собите и багажот го оставаме во просторијата наменета за багаж во хотелот. Во договор со групата и придружникот се упатуваме кон централното подрачје на Милано, каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности, шопинг, ручек, кафе, џелато, и секако уживање. Во договорено време се упатуваме назад кон хотелот. Трансфер до аеродромот Малпенса. Летот Милано – Скопје е во 20:45.

Типови на соби

1/2

1/3

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди