Сардинија е една од најексклузивните дестинации на европската туристичка мапа. Ексклузивноста на островот првенствено се карактеризира со неверојатни плажи со бел песок, кристално море, карпестото крајбрежје и недопрената природа. Покрај прекрасните плажи и чистото море, треба да го посетите и главниот град и најголемиот град Каљари, кој е полн со ресторани, барови и продавници, па урбаната забава е загарантирана. Една од најубавите плажи на островот е Ла Пелоса, која се вбројува во топ 10 најубави плажи во светот. Често е нарекувана “Европски Кариби”, и се наоѓа на само 20 км од градчето Порто Торес кадешто се наоѓа нашето сместување. Вистински симбол на градот Порто Торес е, Арагонската кула се наоѓа веднаш надвор од туристичкото пристаниште. Кулата е висока 14 метри и широка 13 метри, со карактеристична осумаголна форма, и датира од шпанско време.
Плажата Балаи е мал залив карактеризиран со плитко песочно дно со интензивно сини води. Од двете страни на брегот се издигаат високи карпи каде што најхрабрите обично се искачуваат и покажуваат акробатски скокови. Околу плажата е навистина зелена градина од палми и цвеќиња.
Со малата црква Балаи во позадина ќе се чувствувате како во разгледница!
Плажата Ла Пелоса е заштитена од силни ветрови со островот Асинара, обезбедувајќи топло и удобно време долж крајбрежјето во текот на целата година. Сезоната започнува во мај и се протега до крајот на октомври, а врвот на туристичката активност е во јули и август. Пристапот до плажата е едноставен од градот Стинтино на северозапад од Сардинија, со шатл-автобуси кои обезбедуваат превоз до плажата. Порто Черво, најлуксузното катче на островот Сардинија. Храната на Сардинија е карактеристична за италијанскиот Медитеран, и цените се релативно прифатливи за туристите од регионот. Еспресо во кафуле чини околу 1,2 до 1,5 евра, пица „маргарита“ од 7 до 9 евра, а порција паста околу 10 до 15 евра. Локалните „тратории“ нудат целосно мени за 18 до 25 евра.