Хотел CALYPSO Сивири

Автобус

Термин Од 26.05.2024 - 02.06.2024

1/3 студио

26.05.2024 - 02.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
19,716.00 den

15,772.80 den

318.00 €

254.00 €

Резервирај

1/2+2 апартман

BB

26.05.2024 - 02.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
23,436.00 den

18,748.00 den

378.00 €

302.00 €

Резервирај

Термин Од 02.06.2024 - 09.06.2024

1/2 студио

02.06.2024 - 09.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
22,196.00 den

17,757.00 den

358.00 €

286.00 €

Резервирај

1/3 студио

BB

02.06.2024 - 09.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
24,676.00 den

19,740.80 den

398.00 €

318.00 €

Резервирај

1/2+2 апартман

BB

02.06.2024 - 09.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
29,636.00 den

23,708.80 den

478.00 €

382.00 €

Резервирај

Провери друг термин

Вклучено

*7 ноќевања (наем) со појадок (шведска маса)
*Kористење на отворен базен, детски базен, лежалки и чадори покрај базен, сала за појадок, Wi-Fi интернет

Не вклучено

*Mожност за доплата за ручек и вечера во ресторанот на хотелот
*Пијалоци во барот покрај базенот
*Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 40 еур во еден правец
*Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 30 еур во еден правец
*Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
Хотел Calypso 3* е поставен во мирно опкружвање со борова шума, во селцето Сивири, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Од најблиската плажа е оддалечен 7 мин пешачење, додека центарот на селото каде гостите ќе најдат бројни туристички содржини е на 600м оддалеченост. отелот располага со 22 соби Секоја од собите е опремена со тоалет со туш кадичка или када, клима уред, мини фрижидер со комора за замрзнување, сателитска телевизија, фен, сеф и балкон со гарнитура за седење.

ЕТА ве води на летен одмор во Сивири поради фактот дека овој предел на првиот крак е прогласен за еден од пределите во Грција на најтоло море! Сивири е дестинација идеална за семејства со мали деца, возрасни луѓе кои бараат мир и спокој, добра сенка, густа борова шума, уживања и ноќни прошетки.

Сивири е едно од многубројните туристички селца кои се наоѓаат на првиот крак, Касандра. Поставено на западната страна на кракот, покрај преубавите борови шуми, Сивири нуди повеќе песочни и плитки плажи, и секако едно прекрасно зајдисонце и поглед кон планината на боговите, Олимп. Во близината на Сивири, се наоѓа и античкиот амфитеатар, кој во текот на летните месеци се користи за концерти на познати пејачи од Грција и од Балканот. Сивири е место каде што имате и голем маркет, неколку таверни и секако кафулиња кои се поставени токму на преубавата песочна плажа.

ЕТА во свој сопствен закуп го има три ѕвездениот хотел Калипсо, во кој можете да резервирате одмор од 7 ноќевања со вклучен појадок или да споите два термини со 14 ноќевања. Доколку сакате да го резервирате хотелот отворете го нашиот веб-сајт ескејптравел.мк, отворете го хотелот, кликнете на терминот кој ви одговара, доколку ви пишува РЕЗЕРВИРАЈ тоа значи дека има слободни соби, кликнете на собата која ви одговара, селектирајте дали со вас има деца, пополнете ги податоците (доколку пасошите ви се во изработка, вметнете го стариот број на пасош, а новиот ќе ни го кажете дополнително), селектирајте дали сакате да уплатите целосно или само 30% депозит.

Дали знаете дека доколку уплатите он-лајн вие ќе добиете дополнителен попуст при самата уплата. Поефтино е да уплатите он-лајн отколку да не посетите во нашите продажни канцеларии? А дали знаете зошто? Затоа што ЕТА сака да ви заштеди на време, да избегнете гужва низ градот, а се стремиме кон тоа и да заштедиме харија и енергија.

Да се вратиме на хотел Калипсо.

Хотел Calypso е поставен во мирно опкружвање со борова шума, во селцето Сивири, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Од најблиската плажа е оддалечен 7 минути пешачење, додека центарот на селото каде гостите ќе најдат бројни туристички содржини е на 600 метри оддалеченост. Хотелот располага со 22 соби, секоја од собите е опремена со тоалет со туш, клима уред, мини фрижидер, сателитска телевизија, фен, сеф и балкон со гарнитура за седење.

Хотелот Калипсо во Сивири, Грција е на прво место меѓу сместувањата во Сивири. Локацијата е оценета со 4.7 од 5, чистотата со 5.0, услугата со 4.2 и вредноста за парите докажува дека вреди да уплатите за одмор во хотелот. Хотелот нуди различни удобности вклучувајќи активности за деца и семејства.

Хотелот има свој приватен базен покрај кој можете да уживате во ноќните часови со вашите најблиски.

Навечер Сивири е раздвижано со семејства со мали деца. Има активности и игри за деца, има доста таверни на самото крајбрежје каде се подготвува морска храна, имате многу места за брза храна како што е грчкото гиро, слаткарници, места за сладолед и мноу друго.

Сивири има прекрасна шума, за оние кои се авантуристи може да прошетат пеш од Сивири до капелата на Свети Анаргиори, каде имате поглед кој ќе ве остави без зборови. Пешачењето е половина час во еден правец, а овде исто така ви се наоѓа прекрасната скриена плажа Св. Никола која им ја препорачуваме на луѓето авантуристи.

Сивири е познато и поради Фестивалот на Касандра, кој се одржува секој јули и август во големиот амфитеатар надвор од селото. Во Сивири има голем супермаркет за вашите секодневни потреби, барови на плажа, кафулиња и таверни со свежа риба.

Доколку појдете на одмор со автомобил ви препорачуваме да ја посетите Mola Kaliva која е оддалечена на 15 минути со автомобил од Сивири, прекрасна локација на која можете да вечерате со прекрасно зајдисонце.

За оние кои се уште не сакаат да резервираат и уплатат он-лајн, можат да ги посетат нашите продажни канцеларии, во Центар или Аеродром.

Канцеларијата во Аеродром се наоѓа во трговскиот центар Бисер, на прв спрат над самата пекара Силбо, а канцеларијата во аеродром ни се наоѓа на паркингот кој е наспроти трговскиот центар Рамстор. За лесно да не најдете во центар, ве советуваме да застанете на главните скали кои што се поблиску до музејот на град Скопје и да погледнете право кон паркингот.

И како за крај, не заборавајте да си купите ЕТА лојална Картичка, која изнесува само 100 денари, а вие на неа добивате реален поврат на средства. Што зачи дека доколку уплатите аранжман од 18.000 денари, вие ќе добиете поврат од 1200 денари.

Повеќе информации  за цени на www.escapetravel.mk

Типови на соби

1/2 студио

Двокреветните студиа се состојат од еден брачен кревет, мини фрижидерче и клима. Секое студио има тераса и тоалет.

1/3 студио

Трокреветните студиа се состојат од еден брачен кревет и еден единечен кревет, мини фрижидерче и клима. Секое студио има тераса и тоалет.

1/2+2 апартман

Четирикреветното студио се состои од еден брачен кревет во една соба, и еден кревет на извлекување и една софа во дневната соба кадешто се наоѓаат кујна, мини фрижидерче и клима. Во студијата тоалет и тераса.

Локација

Забелешка

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 1.5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди