Кипар - Нова Година 2026

Чартер

Термин Од 30.12.2025 - 03.01.2026

1/2 Standard room

BB

30.12.2025 - 03.01.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
35,278.00 den

30,938.00 den

569.00 €

499.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

4 ноќевања со појадок во хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*
Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: Аеродром Ларнака – Лимасол – аеродром Ларнака
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не вклучено

Туристичка такса 2 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
Доплата за еднокреветна соба 90 Еур.
Патничко осигурување;
Билети за јавен превоз
Факултативна посета на Никозија и Лефкара – 65 € возрасен/55€ дете;
Факултативна посета до Пафос и Курион – 70 € возрасен/ 63 € дете;
Задолжително минимум една факултатива – пријавување во агенција.Минимум за реализација 15 пријавени.
Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја бил населен и освојуван од Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација. Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.

План и програма

30.12.2025 /вторник/
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 саати пред лет. Полетување за Ларнака во 20:15 ч. Слетување во 23:25 ч. После пасошки и царински формалности , следува трансфер до хотел.Сместување. Ноќевање.
31.12.2025 /среда/
Појадок. По појадокот можност за целодневна факултативна посета на Никозија и Лефкара. Цена – 65 евра за возрасен, 55 евра за дете од 2-12 г. /минимум 15 пријавени/, со водич на англиски јазик, со вклучени влезници, без ручек. Ќе ја посетите катедралата „Свети Јован“ од 17 век, ќе ја видите „зелената линија“ што го дели градот на турски и грчки дел, ќе имате слободно време во Laiki Yitonia – древниот пешачки дел од градот, прошаран со многу продавници за сувенири, ресторани и кафулиња. Ќе го посетиме музејот Левентис и ќе се упатиме кон за Лефкара – живописно село, познато по изработка на сребрен накит и фина чипка.Враќање назад во хотел. Одмор до вечерниот дочек на Нова Година. Ноќевање.
01.01.2026 /четврток/
Среќна Нова Година!Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки во Лимасол. Ноќевање.
02.01.2026 /петок/
Појадок. Можност за целодневна екскурзија до Пафос и Курион. Цена – 70 евра по возрасен, 63 евра по дете од 2-12 години /минимум 15 лица/, со водич на англиски јазик, влезници се вклучени, ручекот не е вклучен. Ќе го посетите Курион – античкиот град-држава од 2 век п.н.е., величествен грчко-римски театар, кој денес се користи за музички и театарски претстави. Следува посета на Пафос, археолошките локалитети на Пафос – столбот на Свети Павле, пристаништето на Пафос, мозаиците кои датираат од 3-5 век од н.е. Слободно време околу пристаништето. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
03.01.2026/сабота/
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.Организиран трансфер до аеродромот во Ларнака. Полетување за Скопје во 18:15 часот. Слетување во Скопје во 19:40 ч.

Типови на соби

Хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*

4 ноќевања со појадок во хотел Kapetanios Limassol Hotel 3*

Факултативни екскурзии

Никозија и Лефкара

Никозија и Лефкара

65.00 €

Пафос и Курион

Пафос и Курион

70.00 €

Забелешка

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел
  • Задолжително минимум една факултатива – пријавување во агенција.Минимум за реализација 15 пријавени.                   
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди