Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на 80км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, кадешто има преубаво шеталиште. Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта, забавни паркови со детски активности, лулашки за најмладите. Цените се многу пониски и поволни во таверните кадешто се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.
Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел на располагање.