Калитеа е туристичко место кое се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна,медитеранска мирисна вегетација,каде што самата гостопримливост на домаќините го прават ова место примамливо за одмор. Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација.
Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма.
Плажа: Неполни 5 минути од песочна плажа.
Стандардна Двокреветна соба (Double Standard Room) – Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море.
Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11.99 години или 1 возрасен.
Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш.
Доплати:
• Туристичка такса од 5 евра по соба на ноќ која се плаќа во хотел;
• 2-ро дете од 0-11,99 години - доплата од 12€ на ноќ;
• Трет возрасен сместен на дополнително легло 18€ на ноќ
Хотелски содржини:
Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24 / 7, игротека за деца
Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.