Хотел Амика

Автобус

Термин Од 21.06.2024 - 30.06.2024

1/2 Standard room

BB

21.06.2024 - 30.06.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
50,840.00 den

45,756.00 den

820.00 €

738.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Амика во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички претставник за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби

Не вклучено

Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена)
Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера. Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини. Хотел Амика се наоѓа во првиот ред на објекти во туристичкото место Римини, на само 150 метри од долгата песочна плажа. Хотелот нуди двокреветни и трикреветни соби, кои се наоѓаат на прв, втор и трет кат.

План и програма

ПРВ ДЕН
Пристигнување во утринските часови. Сместување во соба после 14:00часот по локално време. Собите ги одредува самиот хотел според капацитет на сместување.
ПОСЛЕДЕН ДЕН
Напуштање на соби во 09:00часот по локално време.

Типови на соби

1/2 и 1/3

Факултативни екскурзии

MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот тематски и воден забавен парк во Италија. Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции и разни емисии. Водениот парк има базени. До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден! Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца. Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз.

ПОСЕТА НА SANTARCANGELO

ПОСЕТА НА SANTARCANGELO

Прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура. ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ- САНТАРКАНЏЕЛО – ХОТЕЛ СО ПРИРАЧНИК НА ТУРА, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч. ЕКСТРА: ПОСЕТА НА ПОДЗЕМНИ ПЕШТЕРИ

ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ

ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ

Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик. ПЕШТАЧКА ТУРА ВО ГРАДОТ НА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР ФЕДЕРИКО ФЕЛИНИ, ГРАД СО ИСТОРИЈА ВО 2000 ГОДИНИ. ОД АНТИЧКИ РИМСКИ СПОМЕНИЦИ ДО СРЕДНОВЕКОВНИ ЗАМОЦИ. Тура од 12:00 до 14:00 часот Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки. Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.

Посета на Сан Марино

Посета на Сан Марино

Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона. ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 – 19:00 (20km) ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН МАРИНО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ДЕГУСТУВАЊЕ НА ВИНА И ЛИКЕРИ НА САН МАРИНО, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 3 ч. ЕКСТРА: Разглед на градот СО ВОДИЧ НА САН МАРИНО САН МАРИНО 15€ НА БАРАЊЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ СЛУШАЛКИ

Локација

Забелешка

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • Почитувани родители, ЕТА е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето.Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.  Ве советуваме и замолуваме  горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. ЕТА е агенција која за сите постапува исто. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди