CUMEJA BEACH CLUB & HOTEL

Чартер

Термин Од 17.06.2026 - 22.06.2026

1/2 Standard room

HB

17.06.2026 - 22.06.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
33,418.00 den

27,838.00 den

539.00 €

449.00 €

Резервирај Јави се

Термин Од 01.07.2026 - 06.07.2026

1/2 Standard roоm

HB

01.07.2026 - 06.07.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
33,418.00 den

27,838.00 den

539.00 €

449.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

5 ноќевања на база на HB ( појадок и вечера )
Директен лет на релација : Скопје – Неапол – Скопје
Авио билети
Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 )
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Користење на лежалки на плажа
Посета на Неапол

Не вклучено

Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција
Туристичка такса
Индивидуални трошоци
Патничко осигурување
Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано – ( за нив се пријавувате на лице место )

Подгответе се за незаборавно летно искуство покрај магичните брегови на Тиренско Море – дел од Медитеранот познат по својата кристално чиста вода, песочни плажи и романтични зајдисонца.
Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 539 €
ПРОМО ЦЕНА: 449 €

Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.

Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;

Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед


Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.

Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.

Дозволете си лето кое ќе го паметите!

 

План и програма

ПРВ ДЕН
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување. ВАЖНО: ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ: SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM ) NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )
ВТОР - ПЕТТИ ДЕН
Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности , како и за еднодневна посета на Неапол Воедно препорачуваме и посета на некои од факултативните излети како што се : Капри,Амалфи,Поситано
ШЕСТИ ДЕН
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје

Типови на соби

1/2

СМЕСТУВАЊЕ КОЕ ПРАВИ РАЗЛИКА Вашиот одмор ќе биде во Cumeja Beach & Club Hotel 4* – место каде релаксацијата е загарантирана: Локација директно покрај море Приватна плажа и базен Италијанска кујна и пријатна атмосфера Совршен баланс помеѓу мир и уживање

Факултативни екскурзии

НЕАПОЛ - ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА

НЕАПОЛ - ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА

НЕАПОЛ – ГРАД СО ДУША Неапол е еден од најживите и најавтентични градови во Италија – место каде историјата, културата и секојдневниот живот се спојуваат во уникатно искуство. Сместен покрај бреговите на Тирентското Море, со спектакуларен поглед кон вулканот Везув, овој град нуди нешто што ретко каде ќе го почувствувате – вистинска, сурова италијанска енергија. РОДНО МЕСТО НА ПИЦАТА Неапол е дом на светски познатата неаполска пица – едноставна, но совршена. Тука храната не е само оброк, туку доживување. БОГАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА Градот е под заштита на UNESCO, со историски центар кој е еден од најголемите во Европа. Ќе најдете: – антички цркви и катедрали – тесни калдрмисани улици – архитектура што раскажува приказни од различни епохи ВЕЗУВ И ОКОЛИНА Над градот се издигнува Везув – еден од најпознатите вулкани во светот. Во негова близина се наоѓаат и античките градови Помпеја и Херкуланум, замрзнати во времето по ерупцијата. ЖИВОТ КРАЈ МОРЕТО Неапол нуди прекрасни погледи кон морето, пристаништа, шеталишта и близина до острови како Капри и Искија. Совршен спој на град и летен одмор. АТМОСФЕРА ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА – СЕ ЧУВСТВУВА Неапол е гласен, хаотичен, топол и полн со живот. Луѓето се темпераментни, улиците се живи, а секој агол крие приказна.

Локација

Забелешка

I ТЕРМИН: 17.06.2026 - 22.06.2026

II ТЕРМИН: 01.07.2026 - 06.07.2026

III ТЕРМИН: 17.07.2026 - 22.07.2026

IV ТЕРМИН: 04.09.2026 - 09.09.2026

ЛЕТОВИТЕ  ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE - NAPLES ( 16:30 PM )

NAPLES - SKOPJE (18:45 PM )

 

ВАЖНО:

ü Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;

ü Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;

ü Сместувањето е во само 1/2 тип на соби;

ü Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени - дополнителен попуст за деца нема.

ü Појадок: 08:00 - 10:00 - на база на шведска маса

ü Вечера: 19:00 - 21:00 - порција

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди