Барселона во Ноември 2025

Чартер

Термин Од 13.11.2025 - 16.11.2025

1/3 Standard Room

BB

13.11.2025 - 16.11.2025

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

27,838.00 den

499.00 €

449.00 €

Резервирај Јави се

1/2 Standard Room

BB

13.11.2025 - 16.11.2025

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

27,838.00 den

499.00 €

449.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

*Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
*Рачен багаж до 8 кг.
*3 ноќевања со појадок во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3*** ,
*Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
*Организација на аранжманот и придружник на патувањето
*Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром

Не вклучено

*Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
*Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,
*Билети за јавен превоз со метро
*Патничко осигурување
*Доплата за еднокреветна соба – 150 €
*Организиран разглед на Барселона со водич – 25 € - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
*Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници – 75 €,
*Посета на парк Гуел – 28 € (влезница + пратител од агенција)
*Фламинко шоу со пијалок - 55 €,
*Аквариум (влезница и претставник од агенција) - 35 €,
Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

План и програма

1 ден: (13.11.2025 – четврток) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во 16:30 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3***. Ноќевање.
2 ден: (14.11.2025 – петок) БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија ... Слободно време а потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза или шопинг. ..Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Ноќевање.
3 ден: (15.11.2025 – сабота) БАРСЕЛОНА (3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА, ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден: (16.11.2025 – недела ) - БАРСЕЛОНА (ЗООЛОШКА ГРАДИНА и ПАРК ЦИТАДЕЛА)
Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата.Слободно време за индивидуални активности.Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 21:40.Пристигнување во 01:00 часот.

Забелешка

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Ескејп Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди