Вила Savva’s се наоѓа на 250 м од плажа и на 150 м од маркет.
Вилата има заеднички простор / двор со голема маса и опремен простор за скара.
Собите кои ги имаме на располагање се на приземје.
Двокреветните соби се со 2 посебни кревети кои можат да бидат доближени или разделени зависно од потребите. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете двокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.
Трокреветните соби се со еден брачен и еден единечен кревет. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете трокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.
Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Островот е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос, богат со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед.
Вила Савас се наоѓа на 150м од црквата Свети Никола во областа Скала Потамиа .
Вила Savva’s се наоѓа на 250 м од плажа и на 150 м од маркет.
Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети,ресторани и кафулиња.
Самата вила е оддалечена 1.5 км од Golden Beach меѓутоа во самата област во близина на вилата се наоѓаат повеќе плажи и барови на сама плажа.