Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое.
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет.