Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.
Промо цена 379е за резервации заклучно до 14.03.2026
Што е вклучено во цената
Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :
10.04.2026 PC1572 Skopje – Izmir 06:40 08:55 P PAGT/QC
13.04.2026 PC1571 Izmir – Skopje 11:45 12:00 U UAGT/QC
Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
Туристичка такса
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик ( посета на Кемералти базар, Саат кулата, Кордон)
Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување
Што не е вклучено во цената
Доплата за еднокреветна соба 85€
Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 45€ по лице (за минимум 20 лица) –Пазариери џамија (во којашто е сочуван олтарот на црквата Свети Константин), вклучена влезница за замокот во Чешме, посета на марината на Чешме како и Елеваторот во Измир на познатата Дарио Морена улица.
Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик (без влезница), посета на Куќата на Богородица ( со вклучена влезница), посета на православното село Ширинџе и посета на градот Кушадаси – 85€ по лице (за минимум 10 лица)
Задолжително патничко-здравствено осигурување
Индивидуални трошоци