Будимпешта и Виена за Велигден

Чартер

Термин Од 10.04.2026 - 13.04.2026

1/3 Standard room

BB

10.04.2026 - 13.04.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
25,978.00 den

19,468.00 den

419.00 €

314.00 €

Резервирај Јави се

1/2 Standard Room

BB

10.04.2026 - 13.04.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
25,978.00 den

19,468.00 den

419.00 €

314.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
Директен лет на релација Скопје–Будимпешта -Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром Будимпешта – хотел – аеродром Будимпешта
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Разглед на Будимпешта со локален водич
Факултативна посета на Виена

Не вклучено

Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа во агенција)
Факултативен излет Крстарење по Дунав 25е
Доплата за еднокреветна соба 150е
Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое. ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет.

План и програма

Прв ден 10.04.2026 Петок
Состанок со групата на аеродромот во Скопјe во 09:45 часот. Планирано полетување кон Будимпешта е во 11:55 часот. Предвидено пристигнување во Будимпешта е во 14:00ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување и време за одмор. Вечерта органзирана прошетка од пратителот на групата. Можност за пријатна вечера или уживање во некој пијалок.
Втор ден 11.04.2026 Сабота
Појадок. Во однапред договорено време се уплатуваме на разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Меморијалот на “Садот со чевли” – Овој меморијал се наоѓа на брегот на Дунав и е важен историски споменик посветен на жртвите на Холокаустот. Интересен и силен спомен, кој носи многу емоции. Во договорено време организиран факултативен излет каде што следува вечерно крстарење со брод по Дунав (факултативно). Останатите патници кои нема да дојдат на крстарењето имаат време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
Трет ден 12.04.2026 Недела
Појадок. По појадокот целодневна факултативна посета на Виена со јавен транспорт. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе,Плоштадот Рингштрасе во Виена е еден од најпознатите и најимпресивни булевари во Австрија, кој е препознатлив по својата величествена архитектура и културно-историски значај. Тој е важен дел од историјата на Виена и го опкружува историскиот центар на градот. Операта,Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата,Белведере, Катедралата Св. Стефан (или Стефанкирхе, како што ја нарекуваат на германски) е една од најпознатите и најзначајни цркви во Виена, и е симбол на градот. Се наоѓа во центарот на Виена, на познатиот плоштад Штефансплатц, и е едно од најпознатите архитектонски обележја на Австрија., Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки,во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Четврт ден 13.04.2026 Понеделник
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Може да уживате во преубаво кафе или во некој домашен специјалитет. По договор со претставникот, поаѓање со трансфер кон аеродоромот во Будимпешта. Време на полетување од Будимпешта е во 13:55 часот.

Факултативни екскурзии

Ноќно крстарење по Дунав ( крстарење + чаша шампањ )

Ноќно крстарење по Дунав ( крстарење + чаша шампањ )

25.00 €

Забелешка

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди