Неа Скиони е мало, но прометно рибарско пристаниште на Термаичкиот залив, со популарна плажа и ресторани покрај пристаништето. Селаните пијат силно кафе и узо надвор пред опуштените кафулиња, додека продавниците за сувенири продаваат мед и маслиново масло од локално производство. Патеките водат низ крајбрежните борови до урнатините на античкиот град Скионе и црквата од 16 век исполнета со фрески, Панагија Фанеромени.
Вила KORDELA се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во Неа Скиони, со прекрасен
двор и магичен поглед на тиркизното море, со што ви нуди одлична можност за одмор и
релаксација. Лоцирана е на 60 метри од центарот на Неа Скиони, во близина на многу
ресторани, маркети и таверни. Сместувањето е во луксузно уредени апартамани на приземје
и прв кат, секој апартман располага со две простории, една просторија каде има модерно
опремена кујна и софа и втора просторија - спална со брачен кревет. Сите апартмани имаат
сопственa бања, тераса која излегува во двор или балкон на кат опремени со сет маса и
столици, бесплатно Wi-Fi , клима и ТВ. Можност за дополнителен кревет или бебешко
креветче на ваше барање.