· Пешачки разглед со локален водич - 25 €;
· Посета на Версај - 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
· Крстарење со брод по Сена - 25 €;
· Посета на Лувр - 45 € (индивидуална влезница со термин , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
· Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28 €, до трет кат - 40 € (со лифт);
· Дизниленд – цена за влезница при уплата поради променлив карактер на истите
Задолжително минимум две екскурзии - пријавување во агенција !
Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел