Мадрид 8ми Март

Чартер

Термин Од 07.03.2026 - 10.03.2026

1/2 Standard room

BB

07.03.2026 - 10.03.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
30,938.00 den

27,838.00 den

499.00 €

449.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

Директен лет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок;
Организирани прошетки според програматa;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Не вклучено

Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
Доплата за еднокреветна соба 200 евра
Патничко осигурување;
Билети за јавен превоз со метро
МАДРИД – познат по музеи, прометни улици испреплетени со секакви продавници, ресторани со светска кујна и непобедлив ноќен живот. Ќе ве изненади со своите мирни историски места што ги шармираат сите што поминуваат покрај нив. Кога е време за јадење, Мадрид има многу различни опции, секоја попривлечна од претходната. Од една страна, традиционални барови каде што можете да откриете точно што значи кастизо и зошто тапасите се толку популарни. Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Тој е гостопримлив и разновиден. Мадрид , весел и жив во секое време, без сомнение, еден од најинтересните градови во Европа.

План и програма

1 ден (07.03.2026) Скопје – Мадрид
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден (08.03.2026) МАДРИД
Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (09.03.2026) МАДРИД - ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
4 ден (10.03.2026) МАДРИД
Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата)…. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 20:45ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.

Факултативни екскурзии

Пешачки разглед со локален водич

35.00 €

Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич

85.00 €

Фламенко со пијалок

55.00 €

Забелешка

Задолжително минимум една екскурзија- пријавување во агенција      

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Ескејп Травел

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди