Лутраки (Пожар)- Нова Година 2025

Автобус

Термин Од 30.12.2024 - 01.01.2025

1/2 Студио

30.12.2024 - 01.01.2025

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

9,300.00 den

150.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

 2 ноќевања со појадок во Хотел Галаксија
 Богата свечена новогодишна прослава во ресторант Panteon со бенд од Македонија
 Превоз на дадената релација Скопје – Велес - Неготино – Д.Капија – Гевгелија и обратно
 Организација на патувањето
 Пратител на група
 За сопствен превоз се одбива 10евра

Не вклучено

 Влезница за топлите бањи
 Индивидуални трошоци
Лутраки (Пожар) се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи. Топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови. Големиот базен зафаќа површина од 25м ширина и 50м должина, а помалите се длабоки само 1м и долги околу 10м, широки 30м и е совршен за сите возрасни групи. Посетете го ова живописно место кое изобилува со прекрасна природа и многубројни природни водопади кои ќе го направат вашиот престој незаборавен! Уживајте во бањите со термална вода со кои изобилува Лутраки – вистински бисер на природата!

План и програма

1 ден.Скопје – Гевгелија – Лутраки 30.12.2024 (понеделник)
Состанок на групата во договорено време и место. Поаѓање кон Лутраки, со попатни паузи. Преку граничен премин Богорoдица, продолжуваме кон Јаница (Γιαννιτσά). Посета на Лидл и Џамбо во Јаница. Патот води кон Аридеа. Пристигнување во Лутраки (Пожар). Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите.
2 ден. Лутраки 31.12.24 (вторник)
Појадок. Организирана посета на термалните бањи. Слободно време за користење на базените со топла термална вода со температура од 37 степени. (задолжително понесете костим за капење и пешкир). Враќање во Хотел. Во договореното време поаѓање кон ресторантот. Дочек на Нова година, Свечена вечера со македонска и грчка музика.
3.ден Лутраки – Воден – Гевгелија – Скопје 01.01.25 (среда)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Воден. Посета на катарактите и водопадот. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија со попатни паузи.

Локација

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди