Лето на Кипар

Чартер

Термин Од 29.05.2026 - 05.06.2026

1/3 Standard Room

HB

29.05.2026 - 05.06.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
42,160.00 den

33,914.00 den

680.00 €

547.00 €

Резервирај Јави се

1/2 Standard Room

HB

29.05.2026 - 05.06.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
42,160.00 den

33,914.00 den

680.00 €

547.00 €

Резервирај Јави се

Термин Од 03.07.2026 - 10.07.2026

1/2 Standard Room

HB

03.07.2026 - 10.07.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
49,538.00 den

40,300.00 den

799.00 €

650.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

7 полупансиони во Аја Напа
Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm; (дозволено едно парче багаж)
Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака

Не вклучено

Доплата за кабински и чекиран багаж (информации во агенција)
Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
Кипар – остров на сонцето, љубовта и легендите Кипар (грчки Кипар) е медитерански бисер каде што античката историја, кристално чистото море и модерниот начин на живот се спојуваат во совршена хармонија. Островот на Афродита нуди топла клима преку целата година, прекрасни плажи со златен песок, шармантни традиционални села и живописни градови како Лимасол, Ларнака и Пафос. Со својата грчка култура, вкусна медитеранска кујна и гостопримливи луѓе, грчкиот дел на Кипар е идеална дестинација и за релаксација и за авантура. Ексклузивно, 5 термини, со директен лет од Скопје со сигурна реализација

План и програма

Прв ден
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Ларнака, организиран трансфер до хотелот и сместување.
Втор -Седми ден
Овие денови се предвидени за уживање на островот, за плажа, за прошетки, и секако, препорачуваме да посетите некој од факултативните излети до Никозија, Аја Напа, и секако, крстарење.
Осми ден
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје

Типови на соби

1/2 Standard Room

1/3 Standard Room

Факултативни екскурзии

Посета на Никозија

Посета на Никозија

Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква.

Крстарење

Крстарење

Препорачуваме крстарење околу островот, со кој посетувате неколку плажи…

Забелешка

Важно

Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена

Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди