Братислава и Виена во април 2026

Чартер

Термин Од 24.04.2026 - 26.04.2026

1/2 Standard Room

24.04.2026 - 26.04.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници
17,298.00 den

15,438.00 den

279.00 €

249.00 €

Резервирај Јави се

Провери друг термин

Вклучено

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета и разглед со локален водич на Виена
Посета на Братислава

Не вклучено

Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Факултативен ручек во Пивница
Братислава порано била позната како Пресбург,градот има богата историја и бил крунисувачки град на унгарските кралеви.Во минатото бил под влијание на Келтите,Римјаните,Германите,Словените и Хабсбурзите. Виена… била центар на Хабсбуршката монархија и главен град на Австро-Унгарското царство.Богата со барокна архитектура,дворци и историски згради.Дом на многу композитори,уметници и мислители од 18-ти и 19-ти век…

План и програма

ПРВ ДЕН 24.04.2026 петок
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10:00h . Летот Скопје-Братислава е во 12:10 h. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. По сместувањето посета на центарот на Братислава, на стариот град (познатиот Братиславски таетар, операта, портата Св. Михаил, Катедралата Св. Мартин и познатиот Братиславски замок). Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
ВТОР ДЕН 25.04.2026 сабота
По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.
ТРЕТ ДЕН 26.04.2026 недела
По појадокот во хотел, слободно време за индивидуални активности. Одјавување од хотелот и упатување на прошетка во центарот на братислава. Слободно време. Во договорено времесе упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 22:50 h.

Типови на соби

1/2 Standard Room

Забелешка

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 80 евра

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди