Братислава и Виена

Провери друг термин

Вклучено

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета и разглед со локален водич на Виена
Посета на Братислава
Лиценциран придружник

Не вклучено

Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Факултативен ручек во Пивница
Братислава порано била позната како Пресбург,градот има богата историја и бил крунисувачки град на унгарските кралеви.Во минатото бил под влијание на Келтите,Римјаните,Германите,Словените и Хабсбурзите. Виена… била центар на Хабсбуршката монархија и главен град на Австро-Унгарското царство.Богата со барокна архитектура,дворци и историски згради.Дом на многу композитори,уметници и мислители од 18-ти и 19-ти век…

План и програма

20.03.2026 (петок)
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10:00h . Летот Скопје-Братислава е во 12:05 h. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. По сместувањето посета на центарот на Братислава, на стариот град (познатиот Братиславски таетар, операта, портата Св. Михаил, Катедралата Св. Мартин и познатиот Братиславски замок). Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
21.03.2026 (сабота)
По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.
22.03.2026 (недела)
По појадокот во хотел, слободно време за индивидуални активности. Одјавување од хотелот во 10:20 наутро, во 10:30 се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 12:50 h.

Искуства

Сподели Искуство