19.03.2026 - 22.03.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници14,756.00 den
238.00 €
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. Tаксим. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја. Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење. Ортаќој, Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца
Крстарење 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи, Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали. Палатата Ќучуксу, Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Кадиќој Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.85Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Чамлиџа-џамија Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул. Пауза за уживање и фотографирање.Враќање кон хотел. Ноќевање.
Задолжителна проверка на пасошот.Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплаќаат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.