Куршумлиска Бања Рамазан Март 2026

Автобус

Термин Од 20.03.2026 - 22.06.2026

1/2 Standard Room

BB

20.03.2026 - 22.06.2026

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници
12,338.00 den

11,098.00 den

199.00 €

179.00 €

Провери друг термин

Вклучено

Автобуски превоз на наведената релација.
Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања
Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
Користење на внатрешни и надворешни базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
Туристичка такса

Не вклучено

Патничко и здравствено осигурување индивидуално
Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Во чест на продолжениот викенд за Рамазан (20.03–22.03), Ве водиме во Куршумлиска Бања – мирна оаза сместена на падините на шумовитиот Копаоник, по долината на Бањска Река. Со лековитата термо-минерална вода и современиот велнес центар на хотелот „Планинка“ со 8 базени, оваа дестинација нуди совршени услови за релаксација и обновување на енергијата.

План и програма

Ден 20.03.2026 (петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Ден 21.03.2026 (сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
Ден 22.03.2026 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот на групата. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавуање на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Типови на соби

1/2 Standard Room

Хотелско сместување Хотел Планинка 4*

Забелешка

Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената
– Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
Напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

 

Слични Понуди