Hotel Friends: Bansko

Bansko, Bansko

Хотелот има 30 соби со мини фрижидер бар, телевизор со рамен екран со сателитски канали. За поголема удобност, обезбедени се бесплатни пешкири и крпи во купатилото со када и туш. Некои соби имаат поглед на планината.

Гостите можат да појадуваат во ресторанот. Овој хотел во Банско е сместен во близина на барот Stone Flower Barbecue.

Локација: Hotel Friends е пријатен и модерен семеен хотел, Friends Bansko 3* е на 500 m од почетната станица на гондолата и на неколку минути пешачење од главната улица во Банско.

Хотелот се состои од главна зграда и анекс зграда. Овие две згради се наоѓаат една спроти друга. Во главната зграда има стандардни, economy соби и апартмани, ресторан и спа центар. Анекс зградата се наоѓа на 20 m од главната зграда. Хотелот има капацитет од 150 кревети распоредени во пространи двокреветни соби и апартмани. Сите соби имаат балкон, минибар, сателитска ТВ, телефон, бесплатен интернет.

Двокреветна стандардна соба (2 возрасни +2 деца): се наоѓа во главната зграда и содржи брачен кревет и кревет на спрат или два дополнителни кревети. Наменето за семејства со две деца или максимум 3 возрасни.

Апартман за 2-4 лица (2 возрасни +2 деца): се наоѓа во главната зграда и содржи спална соба со брачен кревет, дневна соба со два кревети и две купатила. Идеален за сместување на семејства со две деца или максимум 3 возрасни.

Апартман LUX за 4-5 лица (4 возрасни +1 дете): се наоѓа во главната зграда и содржи спална соба со брачен кревет, дневна со камин во која има два кревети и две купатила - едното купатило е со џакузи. Можност за вметнување дополнителен кревет. Наменет за сместување од 4-5 лица.

Хотелски капацитети: рецепција, ресторан, лоби, сауна, парна бања, џакузи, фитнес, простор за релаксација, масажа, интернет, мини игротека за деца.

Бесплатни услуги: користење на парна бања, сауна, џакузи, WiFi интернет.

Оброци: Ноќевање со појадок / Полупансион (појадок и вечера)

Максимално сместување по соби
Еднокреветна соба (Single Room)- 1 возрасно лице
Двокреветна соба- 2 возрасни и 2 или 3 деца
Студио или апартман - 2 возрасни лица или 2 возрасни лица и 2 деца
Апартман Делукс- 4 возрасни 1 дете

Намалувања:
Дете до 5,99 год. на дополнително легло со 2 возрасни - бесплатно
Дете до 5,99 год. со 1 возрасен - цена за Еднокреветна соба
Прво дете од 6 - 11.99 г. на дополнително легло со 2 возрасни лица во двокреветна соба - бесплатно
Второ дете од 6 - 11.99 г. на дополнително легло со 2 возрасни лица во двокреветна соба - 50% попуст

Минимум престој 4 ноќевања за период 29.12.2023 - 03.01.2024
Минимум престој 3 ноќевања за време на викенд за периодите 04.01.2024 - 10.01.2024 и 22.01.2024 - 08.03.2024


Included

1 ноќевање по лице со појадок или појадок и вечера
Бесплатно користење на парна бања, сауна, џакузи, зона за релаксација
Детско катче
Wi-Fi
Search Availability

Experiences

Share Your Experience

Related