ROYAL WINGS HOTEL

Antalya
Положба Хотелот се наоѓа во областа Лара, 15км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа. Сместување Вкупно 457 соби. Супериор стандардни соби (36 м²; една спална со француски кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.3+1 дете ). Јуниор Апартмани (70 м², една спална и една дневна соба, купатило со туш во секоја соба + џакузи во спалната, макс. 4 лица). Дуплекс фамилијарни соби (48 м²; дуплекс соби, на горниот кат има спална за родителите и купатило со туш, на долниот кат уште една спална со два одвоени кревети, нема врата помеѓу катови, купатило со туш, макс.4 лица). 2 Кралски апартмани (80 м², две спални и една дневна соба, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица). 4 соби за лица со попреченост. Сите соби се комфорни со балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на подот, мини бар (безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ, музички канали, WI-FI интернет конекција. Услуга Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, диететска храна, храна за деца, ужина на плажа, вечера, доцна вечерна ужина. Сите локални безалкохолни и алкохолни и стандардни увозни пијалоци, чај, кафе, сладолед за време на ручек и вечера, сладолед за време на ручек и вечера. Услуга во соба, свежо цеден сок, увозен шамањ, некои стари виски, коњак и сите флаширани локални и увозни вина се со доплата. À la Сarte ресторани со претходна резервација (2 дена претходно) со доплата. Содржини Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани - Sаhan (турска кујна), Gondol (италијанска кујна), Bambo Garden (кујна од Далечниот Исток), Deep Sea (морска храна), Stek- House ресторан, Olive (медитеранска кујна), слаткарница, барови околу хотелскиот комплекс со 24 часовна услуга. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет со ниска брзина во хотелот е бесплатен. Плажа Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. Спорт и забава Надворешен и внатрешен базен (затворен за време на летната сезона) за возрасни и деца, голем Аква парк (9 лизгалици на вода и базен со бранови) и забавен парк за деца. Фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Осветлување на тениските игралишта, часови по тенис, масажа и пилинг, куглање, билијард, спортови на вода, школа за нуркање, салон за убавина и SPA центарот дополнително се наплатуваат. Забавна програма со натпревари во текот на денот, вечерно шоу со професионална екипа. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско во вечерните часови.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите. 1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: » Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.


Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Experiences

Share Your Experience

Related