MIRADA DEL MAR HOTEL

Antalya
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 45 км од аеродромот во Анталија, 9 км од Кемер и 35 км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупно 542 соби.
Комфорт стандардни соби (26-30 м², една спална со француски кревет или два единечни кревета, една софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Соби во вили околу градината (30 м²; лоцирани во анекс делот, една спална со француски кревет или 2 единечни кревети + софа, купатило, макс.2+1 лице).
Економските соби се со иста големина како стандардните, но се без поглед и можат да бидат во кој било дел од хотелот.
Фамилијарни соби (48 м²; две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица)
4 соби за лица со попреченост. Собите можат да бидат со поглед на базен, море, градина или планина.
Сите соби се многу удобни и имаат приватно купатило со туш, када, фен, клима, телефон, мини бар (сокови и вода само при пристигнувањето, потоа со доплата), сеф, сателитска тв и музички канали, ламинатен под, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведка маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, попладне чај, кафе, торта, полноќни  закуски, слаткарница (сладолед помеѓу 15-18 часот). Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24 часот.
Не е вклучено: À la Carte ресторани со претходна резервација, увозни алкохолни пијалоци што не се на мени листата, премиум пијалоци, сите пијалоци после 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, специјални вина, сладолед (освен во определеното време), услуга во соба, пијалоци во диско.

Содржини
Главен ресторан Vista – шведска маса, À la Carte ресторани: La Brezza (италијански),  Pescado (мексикански), Anatolia (турски), Turquase (рибен), Terraza (кујна од далечен исток и суши).
Барови насекаде околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца,  перење и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, продавници, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет (со мала бзина) е бесплатен во лобито.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, стрелаштво и пикадо.
Масажа, спа, велнес, спортови на вода, билијард, тениски терени, осветлување за тениски терени и опрема и часови по тенис се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и натпревари. Мини клуб за деца од 4 – 12 години. Шоу програми навечер, турска вечер еднаш неделно и жива музика неколку пати неделно.

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Experiences

Share Your Experience

Related