Сараево и Мостар за 1-ви Мај

Автобус

Провери друг термин

Вклучено

Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Хотел Русија) и Куманово (Макпетрол бензинска)
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Разглед на Сараево со локален водич
Туристички придружник за време на патувањето
Посета на Вишеград и Андриќград

Не вклучено

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра
Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда) –Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
Туристичка такса– 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)
За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
Патничко осигурување

Патување кое ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди. Во продолжение програмата за Босна..

План и програма

30.04.2024 прв ден
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч од пред Хотел Русија но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
01.05.2024 втор ден
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.
02.05.2024 трет ден
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија Првото место за посета е Бункерот на Тито во Коњиц. Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн. По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год. Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар Мостар – се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање
03.05.2024 четврти ден
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Македонија. Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. Заминување кон Македонија.Попатна пауза во Србија за ручек. Пристигнување во Скопје во период од 00:00-03:00ч

Типови на соби

1/2

1/3

Факултативни екскурзии

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

3,720.00 €

Цена за пакет: 60 евра

Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра

Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра

1,550.00 €

Цена за пакет: 25 евра

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)

4,650.00 €

Цена за пакет: 75 евра

Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)

Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)

4,960.00 €

Цена за пакет: 80 евра

Локација

Забелешка

Важно:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
    -Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди