Сараево и Мостар за 24-ти Мај

Автобус

Термин Од 24.05.2024 - 26.05.2024

1/2 соба

ВВ

24.05.2024 - 26.05.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

12,276.00 den

198.00 €

Резервирај

1/3 соба

BB

24.05.2024 - 26.05.2024

Слободно Автобус

Вкупна цена за сите патници

12,276.00 den

198.00 €

Резервирај

Провери друг термин

Вклучено

-Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград и Андриќград

Не вклучено

– Крстарење по Дрина– 5 евра од лице
–Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 80евра
–Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица и Мостар) 60 евра
–Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
–Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
– За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
– Патничко осигурување

Патување кое ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди. Во продолжение програмата за Босна..

План и програма

23.05.2024 прв ден
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 21:30ч состанок на групата а 22:00 ч поаѓање но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
24.05.2024 втор ден
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.
25.05.2024 трет ден
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. По посетата групата се упатува кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има КВАРТ каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата БАЛАТ во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање
26.05.2024 четврти ден
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка . По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Типови на соби

1/2 соба

1/3 соба

Факултативни екскурзии

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

3,720.00 €

Цена за пакет: 60 евра

Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра

Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра

1,550.00 €

Цена за пакет: 25 евра

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)

4,650.00 €

Цена за пакет: 75 евра

Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)

Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)

4,960.00 €

Цена за пакет: 80 евра

Локација

Забелешка

Важно:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
    -Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите

Искуства

Сподели Искуство

Слични Понуди