23.05.2025 - 27.05.2025
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници9,858.00 den
159.00 €
01.06.2025 - 08.06.2025
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници20,237.00 den
326.00 €
Вила KORDELA се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во Неа Скиони, со прекрасен
двор и магичен поглед на тиркизното море, со што ви нуди одлична можност за одмор и
релаксација. Лоцирана е на 60 метри од центарот на Неа Скиони, во близина на многу
ресторани, маркети и таверни. Сместувањето е во луксузно уредени апартамани на приземје
и прв кат, секој апартман располага со две простории, една просторија каде има модерно
опремена кујна и софа и втора просторија - спална со брачен кревет. Сите апартмани имаат
сопственa бања, тераса која излегува во двор или балкон на кат опремени со сет маса и
столици, бесплатно Wi-Fi , клима и ТВ. Можност за дополнителен кревет или бебешко
креветче на ваше барање.
Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку
дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го
известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се
извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време
на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата
ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во
предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниостa на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на
надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви
помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена
на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при
склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на агенцијата .