15.05.2027 - 22.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници26,040.00 den
420.00 €
15.05.2027 - 22.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници26,040.00 den
420.00 €
15.05.2027 - 22.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници26,040.00 den
420.00 €
22.05.2027 - 29.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници27,528.00 den
444.00 €
22.05.2027 - 29.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници27,528.00 den
444.00 €
22.05.2027 - 29.05.2027
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници27,528.00 den
444.00 €
Апартманот е наменет за 4 лица и се наоѓа на 50м. од плажа.Во едната соба има брачен кревет,а во дневната соба која е поврзан со кујната има два единечни кревета.Бања,тераса и кујна која е целосно опремена за приготвување на лесна храна.
Апартманот е наменет за 4 лица и се наоѓа на 50м. од плажа.Во едната соба има брачен кревет,а во дневната соба која е поврзан со кујната има два единечни кревета.Бања,тераса и кујна која е целосно опремена за приготвување на лесна храна.
За патување кое е организирано од страна на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ, патникот може да се пријави во сите простории на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10 Откажување од патувањето од страна на патникот.
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ
Право и должност на патникот е пред се да се запознае со програмот на патувањето како и со содржината на општите услови за патување, кои ги прифаќа со потпишување на договорот во свое име или во име на корисникот за чии потреби се врши уплатата.
Патникот е должен да ја изврши уплатата на аранжманот по условите предвидени со програмот на патување како и со договорот.
Патникот е должен да, на барање на организаторот, благовремено ги достави сите потребни податоци за организирање на патувањето.
Патникот е должен да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и во земјата каде патува. Патникот може да одреди друго лице да го користи аранжманот во негово име (под услов тоа лице да ги задоволува потребите предвидени за одредено патување), и во тој случај патникот е должен да изврши надокнада на реалните трошоци предизвикани со замената, на организаторот.
4. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА АРАНЖМАНОТ
Цените се објавени во програмот на патување и утврдени се врз основ на договор со нашите странски партнери и не мораат да одговараат со цените објавени на лице место. Разликата во цените не може да биде предмет на рекламација. Организаторот може да предвиди дека некои услуги кои се користат во странство треба да му се платат директно на странскиот партнер, и во тој случај Т.А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ ги презема сите обврски на својот странски партнер кон патникот, за евентуални неизвршени или непотполни услуги.
Цената на аранжманот по правило вклучува (доколку не е поинаку назначено во програмот на патување): услуга за превоз, хотелски и угостителски услуги, и организација на патувањето. Доколку е наведено цената може да вклучува и аеродромски такси, како и трошоци за стручен и локален водич.
Цената на аранжманот по правило НЕ вклучува (доколку не е поинаку наведено); факултативни излети, трошоци за вадење и добивање виза, влезници за објекти кои се посетуваат и осигурување.
Сите видови на посебни услуги (едно креветни соби, додатни оброци и др.) патникот сам ги плаќа и должен е да ги нарача при пријавата на патувањето. Доколку патникот сака посебна услуга за време на патувањето, истата ја плаќа на странскиот партнер во валута на земјата во која се наоѓа.
Траењето на аранжманот одредено е со календарска дата (а не час) на поаѓање и враќање, особено кај авио аранжманите, пред се поради апсолутна невозможност во моментот на објавувањето на програмата да се прецизира часот на полетување на одење и враќање за чартер летовите, траење на трансферот и слично. Тоа значи дека првиот и последниот ден не подразбираат одредено време траење на престојот, туку само го означуваат денот на почетокот и завршувањето на патувањето, поради што корисникот на патувањето нема право на приговор (влегување во хотелски соби во попладневни часови, напуштање на собите во раните утрински часови, и слично).
5. ПРАВО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА
Цената на аранжманот одредена е со ценовник валиден на денот на склучување на договорот кој ги обврзува двете договорни страни, освен во законот за предвидени случаи каде организаторот може да инсистира на зголемување на цената. Организаторот на патувањето може да инсистира на зголемување на договорената цена доколку после потпишувањето на договорот дошло до промена на курсот во размена на валутите, или до промена во тарифите на превозникот кои влијаат врз цената на патувањето. За зголемување на цената организаторот е обврзен да го извести патникот писмено или усмено со образложение.
Доколку зголемувањето на договорената цена преминува 10% патникот може да го раскине договорот без обврска за надокнада на штета, но најдоцна два дена од известувањето за зголемување на цената. Во тој случај на патникот му се враќа аконтацијата во целост. Доколку патникот не го почитува рокот, се смета дека е согласен со новата цена. Организаторот е во секое време овластен да, во зависност од состојбата на маркетот и сопствената деловна политика, ја намали цената на аранжманот и истото е валидно само во иднина без оглед на однапред склучен договор, па не може да претставува основ за било каква рекламација кон организаторот за повраток на средства за евентуална разлика во цената.
Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето (на пример, попусти од типот “last minute”) не може да се однесуваат на веќе склучени договори и не можат да бидат основ за било каков приговор или рекламација на патникот на организаторот на патувањето.
6. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА
Понудените хотели, апартмани и други објекти во програмите на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ опишани се спрема официјалната категоризација. Исхраната, комфорот и другите услуги зависат од цената и се разликуваат во зависност од одредиштето. Организаторот на патувањето не го обврзуваат усните рекламации, на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во писмениот програм на патувањето.
7. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ / АПАРТМАНИ
Распоредот на собите и апартманите е одреден од страна на рецепцијата во местото на престојот. Хотелите кои се користат за летувања составени се од повеќе објекти. Доколку патникот однапред не договорил стриктно за каква соба треба да се работи должен е да прифати било каква службено регистрирана соба/апартман во објект опишан во програмата на патувањето, без оглед на тоа дали собата се наоѓа во централна зграда или пак во друг објект во склоп на хотелските капацитети.
Доколку е во можност, организаторот секако ќе му излезе на секој патник во пресрет, но не може да гарантира за исполнување на посебните услуги.
Патникот ја превзема одговорноста за почитување на правилата на однесување во објектот каде е сместен, а се однесува на внесување на храна, пијалаци и друго како и изнесување на храна од шведската маса и слично. Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:0 часот (Доколку во куќниот ред не е поинаку назначено). Услугата СЕ ВКЛУЧЕНО ја подразбира услугата по хотелски правила и не мора да биде иста во сите хотели во сите одредишта.
Сите услови објавени во програмот на патувањето се однесуваат исклучиво за државјани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а организаторот НЕ Е ДОЛЖЕН да ги предупредува патниците кои не се државјани на истата на условите (визи на пр.), туку е тоа обврска на патникот, странскиот државјанин да ги обезбеди потребните услови и исправи благовремено.
Патник кој се пријавува за патување во странство мора да има важечки документи, и во рок предвиден во програмот на патување да ги достави сите потребни документи за виза за земјата во која патува, доколку визата ја вади организаторот. Организаторот не гарантира за добивање на виза.
Патникот е тој лично должен да внимава на своите патни исправи и доколку за време на патувањето, дојде до губење или кражба на патна исправа или други документи, трошоците за издавање нова патна исправа како и останати трошоци се на товар на патникот.
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат, а кои би биле доволна причина за откажување на патувањето. Доколку патувањето се прекинува од вакви причини, организаторот има право на надокнада за услугите кои ги пружил.
Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, во склад со одредбите на патувањето, за што е должен да ги извести патниците благовремено, а најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска да изврши повраток на средствата во целост без одлагање, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.