07.03.2025 - 09.03.2025
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници17,236.00 den
278.00 €
Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…
Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Првите 4 седишта во автобусот неможе да се резервираат со доплата, истите се користат од персоналот на патувањето (возачи и водич)
Доплата за еднокреветна соба 40 евра
Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра