Споен викенд и посета на Истанбул? Звучи како одлична идеја!
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек, но Истанбул е навистина нешто посебно.
Познат уште како Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул , претставува најголема метропола во светот која спојува два континента,два света ,метропола која во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста.
Тоа е град кој ретко како кој друг град претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули.
Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото и денес.
Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Балат е едно од најшармантните и најживописните маала во Истанбул, сместено покрај Златниот Рог. Познато е по шарените историски куќи, тесните улички, малите кафулиња и богатото културно наследство. Во непосредна близина се наоѓа и познатата Железна црква „Св. Стефан“, изградена од лиено железо и значајна за бугарската православна заедница во Истанбул. За македонската историја, особено значајно е гробот на Партениј Зографски, македонски просветител, епископ и еден од важните дејци на македонското преродбеничко движење. Посетата на Балат овозможува да се почувствува спојот на историјата, културата и духовното наследство на Балканот во срцето на Истанбул. Плоштад Таксим е едно од најпознатите и најфреквентните места во Истанбул, сместено во модерниот дел на градот. Плоштадот е симбол на градскиот живот и место каде што се среќаваат историјата, културата и современиот дух на Истанбул. Улица Истиклал е познатата пешачка улица што се протега од Таксим до населбата Бејоглу. Исполнета е со продавници, ресторани, кафулиња, историски згради и улични изведувачи, а низ неа поминува и препознатливиот црвен историски трамвај. Ова е едно од најживите места за прошетка и доживување на атмосферата на Истанбул.
Крстарење по Бософр 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи палата Бејлербеи палата е раскошна османлиска палата сместена на азискиот брег на Босфор, во населбата Бејлербеи. Изградена е во XIX век и служела како летна резиденција на османлиските султани и место за прием на странски државници. Палатата е позната по богатите ентериери, кристалните лустери, мермерните детали и прекрасната градина со поглед кон Босфор. Денес е музеј и претставува значајно сведоштво за раскошот и архитектурата на доцниот Османлиски период. Палата Ќучуксу е елегантна османлиска палата сместена на азискиот брег на Босфор, во близина на местото каде што се спојуваат Босфорот и Црното Море. Изградена е во XIX век како летна резиденција на султаните и е позната по својата барокна архитектура, раскошните ентериери и прекрасната локација покрај водата. Иако е помала од големите султански палати, Ќучуксу остава силен впечаток со својата богата декорација и романтичната атмосфера. Кадиќој е едно од најживите и најавтентични маала на азиската страна на Истанбул, познато по шарениот пазар, тесните улички, кафулињата, рестораните и уличната уметност. Сместен покрај Мраморното Море, Кадиќој нуди прекрасна атмосфера и убави погледи кон европскиот дел на градот. Особено популарна е улицата Бахарије, каде што сообраќа историскиот трамвај, како и областа Мода, омилена за прошетки покрај морето. Кадиќој е место каде што традиционалниот дух на Истанбул се меша со модерниот и уметничкиот живот. Џамија Чамлиџа е една од највпечатливите и најголеми џамии во Истанбул, изградена на ридот Чамлиџа на азиската страна од градот. Отворена е во 2019 година и со своите шест минариња и големата купола доминира над панорамата на Истанбул. Од комплексот се пружа прекрасен поглед кон Босфорот, европскиот и азискиот дел на градот. Покрај верскиот објект, комплексот содржи музеј, библиотека и уметнички простории, а претставува еден од симболите на современиот Истанбул.