Бари во Октомври 17.10.-20.10.2026

Чартер

Термин Од 17.10.2026 - 20.10.2026

1/2 Standard Room

BB

17.10.2026 - 20.10.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници

23,498.00 den

379.00 €

1/3 Standard Room

BB

17.10.2026 - 20.10.2026

Слободно Чартер

Вкупна цена за сите патници

23,498.00 den

379.00 €

Провери друг термин

Вклучено

Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
Директен лет на релација Скопје –Бари -Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром БАРИ – хотел – аеродром БАРИ
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Не вклучено

Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
Туристичка такса 5е од ноќ по лице (се плаќа на рецепција)
Факултативен излет Посета на Алберобело,Матера и Полињано а Маре -60е (се плаќа на лице место) ЗАДОЛЖИТЕЛНА
Бари, по големина е деветти град во Италија и е главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано ги привлекувале верниците. Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

План и програма

ПРВ ДЕН 17.10.2026 СКОПЈЕ - БАРИ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 19:45ч.Полетување кон Бари 21:55ч.По слетување во Бари,трансвер кон хотел ,сместување и ноќевање.
ВТОР ДЕН 18.10.2026 БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-БАРИ
Појадок, се упатуваме на целодневна екскурзија во Алберобело кое е познато по своите традиционални куќи кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура.Локалните жители граделе ”трули” уникатни привремени куќи изградени од камен.Прооцесот на трансформација и обновување ,како и оргиналсноста на работа ,им обезбеди на овие згради признавање на УНЕСКО како сдетско наследство.Прошетка низ неколкуте населби каде се наоѓа најголемата концентрација на Трули ,најголемата Trullo Sovrano ,poznata Oпштинска зграда ,неверојатниот видиковец на квартот на Трули, и секако специфичната катедрала Сан Антонио,која е изградена во истиот стил како и околните куќички .По прошетката ,следува слободно време ,за ручек ,аперитиво и секако џелато .Во договорено време ,се упатуваме кон Бари .Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 19.10.2026 БАРИ-МАТЕРА-БАРИ
Појдок се упатуваме на целодневна екскурзија во Матера .Градот Матера,кој беше европска престолнина на културата во 2019г ,стана познат во Италија по својот стар град,по познатите Саси ди Матера .Прошетката започнува на плоштадот Виторио Венето,движејќи се низ малите сокаци и скалите низ населбите кои се викаат Саси,ќе ги видиме и познатата Базилика Дева Марија ,која е изградена од локалниот камен ,пештерската црква св.Марија ,познатата шопинг улица Corso ,Поради зачуваниот стар град ,кој поради неговите карактеристики се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.Денешниот град брои околу 60.000жители а интересно е што многу локални жители живеат во нивните домови на предци кои биле изградени пред повеќе од 9,000 години.Благодарение на својата локација,Матеро го зачувала стариот низ вековите .Слободно време .Враќање во Бари .Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 20.10.2026 БАРИ-ПОЛИЊАНО А МАРЕ-БАРИ-СКОПЈЕ
Појадок .Напуштање на собите,и одјавување од хотелот.Во утринските часови се упатуваме кон едно од најпознатите летувалишта во близина на Бари,Полињано а Маре.Специфичната локација е местото каде се наоѓа најпознатите плаж,и во регионот ,и местото каде водата е најчиста,благодарение на карпите кои се направени од камен Варовник, и придонесуваат за неверојатната тиркизна боја на Јадранското море .Овој град е изграден на самата карпа .Слободно време од неколку часа за прошетка низ градот .Се враќаме во Бари ,и прошетка низ историскиот дел на Бари ,каде што се наоќа базиликата Св.Никола,каде што се наоѓаат и моштите на истоимениот светец.Ќе ги видиме и норманскиот замок Свево и секако познатите баби кои на улица ги прават познатите тестенини Orecchiette.Слободно време за индивидуалнни активности.Во договорено време ,трансфер од хотелот до аеродром .Полетување за Скопје 22:40ч.

Типови на соби

1/2 Standard Room

1/3 Standard Room

Забелешка

Важно

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • За еднокреветна соба се доплаќа 120 евра
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ

Слични Понуди