3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
Директен лет на релација Скопје–Будимпешта -Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром Будимпешта – хотел – аеродром Будимпешта
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Не вклучено
Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција)
факултативни излети 50 евра-разглед на Будимпешта и Виена со локален водич ЗАДОЛЖИТЕЛНА се плаќа на лице место
Факултативен излет Крстарење по Дунав 25е пријавување при резервација,плаќање на лице место
Доплата за еднокреветна соба 150е
Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое.
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет.
Состанок со групата на аеродромот во Скопјe во 09:45 часот. Планирано полетување кон Будимпешта е во 11:55 часот. Предвидено пристигнување во Будимпешта е во 14:00ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување и време за одмор.
Вечерта органзирана прошетка од пратителот на групата. Можност за пријатна вечера или уживање во некој пијалок.
Појадок. Во однапред договорено време се уплатуваме на разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Меморијалот на “Садот со чевли” – Овој меморијал се наоѓа на брегот на Дунав и е важен историски споменик посветен на жртвите на Холокаустот. Интересен и силен спомен, кој носи многу емоции.
Во договорено време организиран факултативен излет каде што следува вечерно крстарење со брод по Дунав (факултативно). Останатите патници кои нема да дојдат на крстарењето имаат време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот целодневна факултативна посета на Виена со јавен транспорт. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе,Плоштадот Рингштрасе во Виена е еден од најпознатите и најимпресивни булевари во Австрија, кој е препознатлив по својата величествена архитектура и културно-историски значај. Тој е важен дел од историјата на Виена и го опкружува историскиот центар на градот.
Операта,Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата,Белведере, Катедралата Св. Стефан (или Стефанкирхе, како што ја нарекуваат на германски) е една од најпознатите и најзначајни цркви во Виена, и е симбол на градот. Се наоѓа во центарот на Виена, на познатиот плоштад Штефансплатц, и е едно од најпознатите архитектонски обележја на Австрија., Зимскиот дворец Хофбург.
Слободно време за индивидуални прошетки,во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Може да уживате во преубаво кафе или во некој домашен специјалитет. По договор со претставникот, поаѓање со трансфер кон аеродоромот во Будимпешта. Време на полетување од Будимпешта е во 14:20 часот.
Типови на соби
1/2 И 1/3
Факултативни екскурзии
Разглед на Будимпешта и Виена со локален водич
50.00 €
Ноќно крстарење по Дунав (крстарење+чаша шампањ)
25.00 €
Забелешка
Важно
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !