10.07.2026 - 17.07.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници28,179.00 den
455.00 €
17.07.2026 - 24.07.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници29,518.00 den
476.00 €
Вилата Пенелопе се наоѓа во Скала Потамиа на Тасос, на само неколку чекори од песочната плажа на Скала Потамиа и Голден Бич.
Локацијата е многу централна, со сè што ви треба на кратко пешачко растојание: таверни, барови на плажа, супермаркети, продавници, такси и многу повеќе.
Вилата има двокреветни студиа, секое со свое купатило со туш, мини кујна со фриќидер, ТВ и клима уред (со доплата).
Собиде кои ги имаме на располагање се на приземје и на први кат. Собите на приземје имаат заеднички двор кој е на располагање на гостите од вилата, а собите на први кат имаат заедничка тераса.
Собите имаат мини кујна.
Студијата се добиваат исчистени и со променета постелнина, а за хигиената на собата во текот на престојот се грижат самите гости.
Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро.
Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.