31.12.2025 - 03.01.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници11,098.00 den
179.00 €
31.12.2025 - 03.01.2026
Слободно Автобус
Вкупна цена за сите патници11,098.00 den
179.00 €
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
Доплата за еднокреветна соба 90 евра
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот.
Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот. БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Брашов Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Термалните бањи во Букурешт располагаат со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање.